Нејмар: Сакам да играм со Кристијано!

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилецот Нејмар работи напорно за да го направи својот Пари Сен Жермен „тим од соништата“ следната сезона.

Прво го врбуваше Аргентинецот Лионел Меси, а сега се префрли на славниот Португалец Кристијано Роналдо. Бразилецот индиректно го покани најдобриот играч на Јувентус во Париз.

„Сакам да играм со Кристијано Роналдо. Веќе играв со одлични играчи како Меси и Мбапе, но сè уште не сум играл со Роналдо“, изјави Нејмар за GQ France.

Да потсетиме, Нејмар неодамна го продолжи договорот со парижаните до 2025 година.

„Сакам да освојам сè со Пари Сен Жермен“, вели тој.

Се шпекулира дека Роналдо сигурно ќе го напушти Јувентус доколку тимот од Торино не избори пласман во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ моментално е на 5-та позиција, а до крајот на шампионатот им претстојат уште три натпревари и не зависи сè од нив.

Слични содржини