Нејмар се посрамоти: Го надмудри голманот, а потоа промаши празен гол (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Нејмар можеше да му се приближи уште повеќе на Пеле на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на Бразил, но наместо тоа, направи едно од најголемите промашувања во кариерата на мечот со Колумбија.

Бразил го доби неверојатниот натпревар со пресврт од 2:1 и погодок во 100-тата минута, а вистинска драма се виде во финишот на натпреварот.

Можеше да биде малку помала доколку Нејмар ја погодеше мрежата на Оспина малку порано, поточно во 68-та минута.

По еден голем продор, Нејмар се најде еден на еден со колумбискиот голман, кого го надмина, но отиде малку покосо отколку што сакаше. Сепак, тој имаше празен гол пред себе и прилично лесна ситуација за фудбалските мајстори како него, но на крајот ја погоди само стативата.

Да не победеше Бразил, овој неуспех на Нејмар ќе беше тема за која ќе се зборува со денови. Така, по неверојатниот пресврт и погодок во 10. минута од продолжението, малкумина ќе се сетат дека Нејмар промаши празен гол, но победата и пласманот во четвртфиналето на Копа Америка ќе ги паметат од првото место во групата.

Погледнете го промашувањето на Нејмар:

Слични содржини