Нејмар се вклучи во претседателските избори во Бразил: Објави смешно ВИДЕО

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар во видео објавено на TikTok го поддржа актуелниот претседател Жаир Болсонаро три дена пред претседателските избори во Бразил.

Во видеото, напаѓачот на ПСЖ, кој има повеќе од осум милиони претплатници на TikTok и скоро 180 милиони на Instagram, насмеано игра на песна во која се повикува да се гласа за Болсонаро.

„Гласајте, гласајте и потврдете, 22 е Болсонаро“, гласи рефренот на оваа песна, повикувајќи на бројот кој треба да се внесе во електронската гласачка кутија во недела.

@neymarjr

22

♬ som original – Enejota

Болсонаро веднаш го твитна видеото на Нејмар.

Шефот на државата пред еден месец објави негова фотографија со топката што ќе му ја подари Нејмар.

Слични содржини