Нејзината смрт продолжува да биде голема мистерија: Дури и 20 години подоцна, порно-актерката Лоло Ферари ја бранува јавноста

од Nikola Popovski

Сите оние кои ја виделе Лоло Ферари барем еднаш во животот, барем на фотографии, секако дека никогаш не ја заборавиле, благодарение на необичниот изглед и формата на тело што денес ретко се гледа.

Лоло беше активно вклучена во манекенството, а зад неа стоеше и кариерата на актерка во филмови за возрасни и ѕвезда на телевизиско шоу, но нејзината смрт, што се случи во 2000 година, се уште остана мистерија, а нејзиниот сопруг беше обвинет за тоа.

Лоло, чие вистинско име беше Ева Велоа, помина дури 22 операции за зголемување на градите и лесно можеше да го заземе местото во Гинисовата книга на рекорди на 33-годишна возраст како жената со најголемите гради во светот.

Во раните дваесетти години, Лола го запознала Ерик Вињ и се омажила за него, а тој всушност станал иницијатор за нејзината трансформација. Пет години имала серија операции кои засекогаш го смениле лицето и фигурата, а бизарен факт е дека нејзините импланти биле дизајнирани од инженер, кој порано работел на Боинзите 747.

Во изјавите за печатот, Лоло тврдеше дека нејзините гради се симбол на мајчинството и детската невиност. Сепак, нејзиниот очигледно турбулентен живот нагло згасна на 5 март 2000 година, а како причина за смртта се наведува предозирање со дрога, но сепак остана прашањето дали станува збор за самоубиство или убиство.

Нејзината мајка, Кетрин Валоус јавно отворила сомнежи дека сопругот на Лола е вмешан во нејзината смрт, а тој ја негирал таа претпоставка уште од првиот момент. Лоло, наводно, страдала од депресија во нејзините претходни години, откако се уморила од сè што и понудила јавноста. Таа започнала да живее во страв од бесни обожаватели, кои еднаш се обиделе да ги „дупнат“ нејзините гради во една пригода, а исто така почнала да се плаши од авионски летови затоа што била убедена дека гради можат да и експлодираат во воздухот.

Сè до нејзината смрт, таа беше вклучена во проституција и порнографија, а нејзин макро бил сопругот Ерик, кој подоцна бил прогласен за виновен за подведување жени на проституција.

Откако билс пронајдена мртва во нејзиниот дом во Грос на француската ривиера, првичната обдукција покажала дека починала од предозирање со антидепресиви и апчиња за смирување, при што нејзината смрт е прогласена за самоубиство. Нејзините родители не сакале да веруваат во тоа, па после две години инсистираа да извршат повторно обдукција, што покажало дека Лоло почина од таканаречено „механичко индуцирано задушување“.

Потоа Ерик бил уапсен под сомнение дека ја предизвикала нејзината смрт, за што поминал 13 месеци во затвор. Откако повеќе пати изјавувал дека е невин, направена е медицинска анализа и тој бил ослободен од сите обвиненија во 2007 година.

И дваесет години по смртта на Лоло Ферари, вистинската причина останува мистерија и се чини дека никогаш нема да биде откриена.

Слични содржини