Некогаш холивудски заводник, денеска целосно непрепознатлив (ФОТО)

од Elena Daskalova

Актерот Ник Нолти, кој некогаш беше вистински секс-симбол во Холивуд и по кого воздивнуваа многу жени во светот, денеска воопшто не наликува на она што беше некогаш.

Нолти, кој има 78 години, во текот на својата кариера сними околу 50 филмови, а трипати беше номиниран за Оскар. Денеска тој воопшто не личи на себе, целосно се има занемарено, за разлика од многу негови колеги кои и на оваа возраст го негуваат својот шарм и заводливост.

Тој бил снимен со неуредна коса и облека за која е очигледно дека воопшто не обрнал внимание, па многумина воопшто и не го препознале кога се разминувале со него.

Покрај актерството, тој е познат и по својот турбулентен приватен живот, кој се карактеризира со борба против зависности и со многубројни неуспешни љубовни врски.

Нолти се женеше четирипати и има две деца. Тој неколкупати е прогласуван за најпосакуван маж на светот.

Слични содржини