Некогашното „грдо пајче“ прерасна во комплетно нова личност

Клои Кардашијан се појави на доделувањето на People’s Choice наградите и го привлече целоо внимание со својот изглед.

35-годишната ријалити ѕвезда Клои Кардашијан медиумите некогаш ја нарекуваа „грдото пајче на семејството“ Кардашијан, а по болниот развод од кошаркарот Ламар Одом старлетата макотрпно се посвети на вајање на телото во теретана и бројни пластични операции.

Вежбањето секако се исплатило бидејќи Клои никогаш не изгледала подобро. Кога се појавила во тесниот црн фустан со проѕирен горен дел на доделувањата на наградите, сите останале без здив од нејзиното совршено тело, но впечатокот бил расипан од нејзиното оперирано лице.

Обожавателите со месеци ја убедуваат Клои да престане со зафатите бидејќи започнала да личи на својата мајка Крис Џенер. Нејзиниот нос е се пократок, а усните поголеми, но таа им се лути на ваквите коменари и ги негира операциите.

Коментарите од фановите кои ја молат да престане со операциите толку и сметаат што во еден момент на својот Инстаграм профил, немаше опција за коментирање.

Слични содржини