„Некои не сакаат војната да заврши, не ја игнорирајте Москва“

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓународната заедница не може да ја оконча војната во Украина со игнорирање на Москва.

Ова во петокот го изјави директорот за комуникации на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Фахретин Алтун, пред средбата меѓу Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.

„Вистина е дека некои од нашите пријатели не сакаат војната да заврши. Тие леат крокодилски солзи“, изјави Алтун за „Ројтерс“, додавајќи дека „некои активно се обидуваат да ги поткопаат турските напори“, без да прецизира на кого се мисли.

Средбата меѓу Ердоган и Путин, која се одржува помалку од три недели по средбата на двајцата лидери во Техеран, доаѓа откако Турција помогна да се постигне договор за извоз на украинско жито преку Црното Море, за што Алтун рече дека го потврдува успехот на нејзините напори, како и директната дипломатија на Ердоган и Путин.

„Меѓународната заедница не може да ја заврши војната во Украина со игнорирање на Русија. Дипломатијата и мирот мора да надвладеат“, рече Алтун.

За подоцна денеска е закажана средба меѓу Ердоган и Путин.

Тоа ќе биде втора средба меѓу Ердоган и Путин за 17 дена.

Слични содржини