Неколку фирми се понудиле во Министерството за здравство за да изработат маски

од Aleksandar Todeski

Неколку фирми се понудиле на Министерството за здравство за да изработат маски од соодветн материјал, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

„Заседаваше и главниот кризен штаб, во Дебар ќе биде доставена поголема количина на потрошен материјал. Ни пристапија поголем број компании кои сакаат да изработат маски од соодветен материјал, за што сечека стручното мислење од комисијата за заразни болести во Министерството“, истакна Филипче.

Тој посочи дека на Клиничкиот центар се работи за подобрување на пристапот до Инфективната клиника и уште една линија за влез до хируршките центри, за што упати благодарност до градоначалникот Петре Шилегов и до ЈП Државни патишта.

Слични содржини