Неколку луѓе беа убиени на прославата на Денот на независноста во Асадабад во Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку луѓе беа убиени денеска во авганистанскиот град Асадабад, кога талибански борци пукаа врз луѓе кои вееја државни знамиња на собирот по повод Денот на независноста, изјавија очевидци.

Засега не е познато дали луѓето се убиени од огнено оружје или во стампедото што следело поради пукањето.

Инцидентот се случи во главниот град на провинцијата Кунар.

Портпаролот на Талибанците не бил достапен за коментар.

Слични содржини