Неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се будите наутро

од Stefanija Kuzmanovska

Ако имате проблем со будењето, еве неколку совети кои можат да ви помогнат:

-Многу е важно да му се радувате на претстојниот ден. Најдете си нешто позитивно на што ќе мислите и тоа ќе ве стимулира да се расоните побрзо. Тоа навистина дејствува.

-Секоја вечер пред спиење многу од нас го навиваат алармот по 3 пати за да ги разбуди наутро. Нема смисла од тоа, бидејќи така се будите, во текот на 15 минути, па го замразувате станувањето, а дури и целиот ден што следи. Затоа навијте аларм еднаш, но оставете го телефонот подалеку од вас.

-Не одбирајте аларм кој брзо ќе ве успие, но не избирајте и звук кој ќе ве стави под стрес.

-Кога веќе ќе станете, а алармот ѕвони од другиот крај на собата, не земајте го телефонот во кревет. Запрете го алармот и одете во бањата. Измијте се добро и испијте една чаша вода. Ова ќе ве освежи и разбуди.

-Можеби се уште ви се спие? Одете во дневната соба или кујна и пуштете го телевизорот, но на музички канал. Слушајте музика која ќе ве натера да се насмевнете. Потоа отворете го прозорецот за да влезе светлина.

-Вдишете длабоко неколку секунди и направете си кафе.

Се разбира, треба да знаете дека раното легнување е препорачливо.

Слични содржини