Неколку студенти уапсени во Хонг Конг, се обиделе да излезат од универзитетскиот кампус

од Aleksandar Petrovski

Неколкумина демонстранти се уапсени денеска додека се обидувале да излезат од хонгконшкиот  Универзитет, што е опколен од силни полициски сили, пренесуваат локалните медиуми.

Група од околу 100 лица три пати  од утринава се обидела да го напушти Политехничкиот Универзитет, но полицијата ги сочекувала  со солзавец и гумени куршуми, пренесе Би-Би-Си.

Тие се обиделе да ја напуштат зградата на универзитетот во која се забарикадирани уште од минатата недела.

Во текот на последните 24 часа дојде до повеќе спорадични, но интензивни судири, меѓу полицијата и студентите.

Полицијата повремено се обидувала да ги пробие блокадите на демонстрантите, но студентите ги одбивале со Молотови коктели и други импровизирани оружја, пренесува Гласот на Америка.

Студентите од утринава се обидуваат пешки да излезат од кампусот, но полицијата ги сочекува со солзавец. И покрај тоа, дел од нив успеале да го пробијат полицискиот кордон, додека поголемиот дел биле вратени назад во кампусот.

Слични содржини