Неколку возила се судрија, Ранко Бубамара сведок на лизгалиштето во Трнодол (ФОТО)

од Берта Китинска

Вечерва во Трнодол се случи сообраќајна несреќа во која се судрија неколку автомобили, пишуваат скопјани на социјалните мрежи.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи бидејќи угорнините во Трнодол и Жданец се лизгави и речиси е невозможно да се движи ниту пеш, ниту со возила.

Ранко Петровиќ, сопственикот на радио Буба мара, јавува дека вечерва се повредил обидувајќи се да помогне на повозрасни луѓе кои буквално паѓале на секој чекор на пат за до дома.

-Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија, за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии, го слушнавме ударот, веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии, тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања, пробавме да дојдеме до нив, но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм).Не се сеќавам баш на се, но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко, Дарко итн), лесно ме освестиле, дојдоа и други, не се сеќавам некој беа со маска, некои без маска (да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома, напиша Петровиќ.

Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи…

Posted by Ranko Petrovik on Saturday, 13 February 2021

 

Пред малку од општина Карпош информира дека зимската служба распрскува сол низ коловозот на целата своја територија, за да го олесни сообраќајот и движењето на граѓаните.

-За да бидеме безбедни треба сите да користиме зимска опрема, да бидеме одговорни, а секако и службите да делуваат.Во овие моменти, зимската служба распрскува сол во сите населби. Се работи во повисоките делови: Жданец, Трнодол, Козле (долж „Ловќенска”) и Бардовци.Механизацијата делува и во подолните населби, во урбаното јадро.Утре, продолжуваме со чистење на пофреквентните зони: пред градинки и основни училишта, маркети, аптеки и сл, соопштија од општината.

Слични содржини