Нелоска: Власта не знае да менаџира и прогласува полициски час кој е целосно непотребен и нема да смени ништо

„Пандемијата е повторно пред ескалација, имаме галопирачко ниво на заразени. Власта една година по ред прави систематски пропусти, и целосно ја промаши стратегијата за борба против КОВИД 19.

ВМРО-ДПМНЕ апелираше власта систематски да му пристапи на проблемот.Но, власта на СДСМ наместо на борбата против КОВИД 19 се посветија на личните приоритети и пиар-от.

Очигледно не знаат да менаџираат и прогласуваат полициски час од 22 до 05 часот кој е целосно непотребен и нема да смени ништо.

Во Македонија ситуацијата е многу лоша затоа што власта доцни со сите мерки. Србија има вакцинирано 30% од населението, а ние не сме ни почнале  со вакцинација. Вакцини имаат и земјите од Африка, но нашата власт уште чека вакцини, па и циркус прави од целата ситуација. Срамота!

Ситуацијата во која не втурна власта е жалосна за целата држава. И наместо разум и одговорност, СДСМ организира попис.

СДСМ се коцка со целата држава и животот на цел македонски народ“, посочи Нелоска во свјот „Коментар на денот“

 

Слични содржини