Нелоски: Фондот за иновации има супер податоци, се надевам дека така ќе продолжи

од Viktor Jovanov

Преку Законот за финансиска поддршка, оваа влада ги изедначи домашните и странските компании. Фондот за иновации и технолошки развој е формиран во 2014 година, но не е искроистен до 2017 година воопшто, околу 7 проценти искористеност. Од 2017 година до денеска има 55 пати поголем обем на инвестиции, рече директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

-Имаме 320 фирми од 23 различни области финансирани од ФИТР. Обемот на финансирање е 55 милиони евра, а 40% се финансии на фирмите. Во тие 320 комапнии има 15.000 вработени, од кои 1.500 се нови работни места. Просечна плата имаат од 40.000 денари“, рече Деспотовски.

Владимир Нелоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја пофали работата на Јован Деспотовски и Фондот за иновации и технолошки развој.

-ВМРО-ДПМНЕ го формираше ФИТР. Имавме мала искористеност на средствата, но по формирањето на ФИТР имаше криза, па избори, можеби затоа не бил искористен. Супер се податоците на ФИТР, се надевам дека тоа ќе расте. Механизмот кој сте го спровеле ќе се спроведе со цел да нема скандали, без разлика кој го води Фондот. Супер е што имаме одлични резултати кај иновациите. Освен во овој сегмент за кој не можам да кажам дека не чини, другите немаа година за паметење, рече Нелоски.

Слични содржини