„Нема да го прифатам ова“: Позната актерка ја завршува кариерата поради болест

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Кристина Еплгејт откри дека улогата во серијата „Dead to Me“ би можела да биде последна во нејзината кариера, бидејќи боледува од мултиплекс склероза.

„Џејн Хардинг веројатно ќе биде последниот лик кој ќе го играм. Со мојата болест, не знам колку сум способна да продолжам. Но, ова беше подарок“, изјави таа за Variety.

Како што истакнала, снимањето на оваа серија ѝ помогнало да ја разбере нејзината вистинска состојба и открила дека поради болеста ѝ одговараат ладни простории и дека дефинитивно не може повеќе да работи 18 часа на ден.

Таа особено им се заблагодари на колегите од снимањето и на авторката на серијата Лиз Фелдман, нагласувајќи дека биле прекрасни кон неа.

„Не можам да одам без бастун. Никогаш нема да го прифатам ова. Лута сум“, изјави  Еплгејт неодамна за „Њујорк тајмс“ и додаде дека поради болеста се здебелила 18 килограми.

Слични содржини