На дел од скопските плоштади ќе биде забрането да се поставуваат билборди, осветлени рекламни витрини и ЛЦД панели

фонтана

Според Предлог одлуката на Градот Скопје, забраната ќе важи за плоштадите „Македонија“, „Филип Втори“ и „ВМРО“. Во образложението на Градот се посочува дека одлуката се носи за да не се оштетат површните на кои се лоцирани овие три плоштади, пишува Фактор.

Градските власти информираат дека овие три плоштади се се уште во фаза на реконструкција и уредување на јавните површини. Според образложението од Градот, досегашните билборди, осветлени рекламни витрини и ЛЦД панели на овие плоштади ќе бидат дислоцирани на други локации во истата зона.

 

За поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на јавните патишта во Скопје, инсталации во трупот на патот и во патниот појас, за прекумерно користење на пат, за вонреден превоз и за штета сторена на патот и објектите на патот, Градот предлага нов ценовник. Еве колку ќе изнесува надоместокот  четриите зони, утврдени по границите на градските четврти согласно Генералниот урбанистички план на Скопје 2012-2022:

bilb

Од Градот образложуваат дека поради промената на надоместоците дел од членовите во Законите за локална самоуправа и за јавни патишта ќе претрпат измени со цел да се направи усогласување со “Програмата за поставување урбана опрема – рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012 – 2027 година“

Целиот текст може да го прочитате тука.

Слични содржини