Нема да има свадба: Зошто Кејти и Орландо се откажаа од венчавката?

од Elena Daskalova

Кејти Пери и Орландо Блум со радост ја објавија веста дека пејачката е бремена, но и дека наскоро планираат да направат голема венчавка.

Но, се чини дека среќниот пар ќе ја одложи венчавката, наводно поради коронавирусот и ќе почекаат светот да биде безбеден од пандемија за да може безгрижно да го поминат убавиот ден со најблиските.

Парот планирал да се венча во Јапонија, а имале покането 150 гости со обезбеден превоз до дестинацијата. Но, бремената Кејти ја плаши моменталната состојба со вирусот. Таа и Орландо се сигурни дека направиле добра одлука со одложувањето. и се уверени дека ќе изберат подобар датум за нивната венчавка.

Слични содржини