Нема да најдете пресуда каде за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор, вели адвокатот на Мијалков

од Vladimir Zorba

„Сметам дека казната е драконска. Да се даде максимум за секое поединечно кривично дело каде што е поднесен обвинителен предлог навистина е правен преседан. Нема да најдете во аналите на правосудството ниедна пресуда каде што за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор“, изјави сдвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски денеска пред Кривичниот суд по објавата на пресудата за „Таргет-Тврдина”.

Мијалков доби 12 години затворска казна.

Во однос на одлуката на Судот за притворот, вели дека е спротивнa од законот, бидејќи при определена мерка домашен притвор, без притоа да биде повредена обврска, да се определи мерка притвор, смета дека е спротивно на член 470, бидејќи Мијалков е обезбеден, се наоѓа во домашен притвор, и не постои можност да се даде во бегство.

Слични содржини