Нема договор околу Астра Зенека во ЕУ: По расправата на министрите секоја земја-членка тера по свое

Министрите за здравство на ЕУ не постигнаа договор за заеднички упатства за употреба на вакцината АстраЗенека против ковид-19, и покрај повиците за координација меѓу земјите-членки за отстранување на јавната недоверба кон вакцината.

Министрите одржаа вонреден виртуелен состанок во средата непосредно откако Европската агенција за лекови (ЕМА) ги смени упатствата за вакцината, бидејќи најде можна врска со многу ретки случаи на невообичаени згрутчување на крвта, истакнувајќи дека придобивките од вакцината сè уште ги надминуваат ризиците .

Пред состанокот, Португалија, сегашен претседател на Советот на ЕУ, преку писмо ги замоли министрите да најдат заеднички јазик во врска со употребата на вакцината, но министрите на состанокот не се согласија за заеднички став и држеа различни упатства , Пренесува Ројтерс.

„Очекуваме дека објавата на ЕМА ќе има директно и непосредно влијание не само на нашите национални планови за вакцинација, туку и на довербата на нашите граѓани во вакцините против ковид-19“, предупреди Португалија во писмото до министрите.

Во писмото се додава дека „усогласувањето на ниво на ЕУ ќе биде од суштинско значење за да се запре ширењето на дезинформации“.

„Од суштинско значење е да следиме координиран европски пристап. Пристап кој не ги збунува граѓаните и не поттикнува двоумење околу вакцинацијата“, им рече на министрите на состанокот комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис.

Земјите во ЕУ, сепак, препорачуваат различни ограничувања за возраста за употреба на вакцината, иако ЕМА не препорача никакви поради недостаток на податоци за да се оправда ова.

Германија ја ограничи употребата на вакцината АстраЗенека на лица над 60 години и групи со висок приоритет, а државната комисија за вакцини им препорача на луѓето на возраст под 60 години кои ја примаат првата доза да добијат различен производ за втората доза.

Франција и Белгија одлучија вакцината да се дава само на лица над 55 години.

Во Финска се дава само на лица над 65 години.

Другите земји на ЕУ во моментов немаат ограничувања за вакцината.

На почетокот на употребата на вакцината на крајот на јануари, Германија и Франција препорачаа вакцината АстраЗенека да се дава само на лица на возраст под 65 години, а Италија и Шпанија првично ја советуваа само на лица на возраст под 55 години затоа што тие сметаа дека податоците од постарите лица се недоволни.

Вакцината исто така беше накратко прекината во март во неколку земји на ЕУ, откако се појавија првите случаи на згрутчување на крвта, и покрај недостатокот на каузална врска со самата вакцина, соопшти агенцијата.

Слични содржини