Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Нема индикација за тестирање на владини функционери за коронавирус, вели Филипче

Нема индикација за тестирање на владини функционери за коронавирус, вели Филипче

Ниту едно именувано или избрано лице во Владата не е во групата кај кои постои индикација за тестирање за Ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање.

– Досега не сум слушнал дека има некој од именуваните или избрани функционери. Има бројни, многу институции, а доколку мислите конкретно во Владата, нема лица што се на ниту еден начин во групата на лицата за кои се поставила индикација за тестирање, рече министерот.с

loading...