Нема индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, велат од Белата куќа

од Nikola Popovski

САД немаат индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Путин ја ескалира седуммесечната војна во Украина со воена мобилизација и предупредувања за употреба на нуклеарно оружје, пренесува Радио Слободна Европа.

– Ние овде многу сериозно го сфаќаме секое нуклеарно оружје или заканата од негова употреба, но сакам да кажам дека не видовме причина да го прилагодиме сопствениот стратешки нуклеарен став, ниту пак имаме индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје. веднаш – им рекла Жан Пјер на новинарите.

Во исто време, официјален претставник на НАТО објави дека НАТО не забележал никакви промени во нуклеарната положба на Русија.

– Не видовме никакви промени во нуклеарното држење на Русија, но НАТО и неговите сојузници остануваат будни – изјави функционерот кој одби да биде именуван.

Во минатонеделното обраќање до нацијата, Путин рече дека неговата земја има „различни деструктивни оружја“ и дека „ќе ги искористи сите расположливи средства што и се на располагање“, додавајќи дека „ова не е блеф“.

Слични содржини