НЕМА КРАЈ: Лудилото за биткоин не застанува, достигната рекордна вредност

од Nikola Popovski

Невидениот бран на инвеститори за крипто-валути не се смирува, што го потврдува новиот пораст на биткоинот, кој достигна нов историски рекорд од 38.000 американски долари, со што ја сруши вкупната вредност на пазарот на виртуелни пари во износ од 1.000 милијарди долари.

Според податоците на компанијата „Coin Metrics“, најстарата и најголема криптовалута во светот се тргуваше утрово околу 7:00 часот по источно време на ниво од 38.080 долари, само неколку часа откако го надмина нивото од 37.000 долари, пренесува телевизијата „CNBC“.

Биткоинот зајакнува за 7,0 проценти на дневна основа, додека од почетокот на 2021 година бележи раст од околу 30 проценти. Во последните 12 месеци, неговата цена се зголемила за скоро 370 проценти.

Вредноста на целиот пазар на криптовалути, на која, покрај биткоинот, се тргува и со други дигитални монети како етреум и тетар, денес за првпат надмина една милијарда долари, според порталот „Coinmarketkap“, додава „CNBC“.

Биткоинот е далеку најдоминантната криптовалута, со пазарна вредност од над 700 милијарди долари.

Вртоглавиот раст на цената на биткоинот се припишува на низа фактори, вклучително и поголема набавка од големи институционални инвеститори, вклучувајќи го, на пример, инвеститорот магнат Пол Тудор Џонс.

Слични содржини