НЕМА КРАЈ НА РЕКОРДИТЕ: Биткоин надмина 30.000 долари!

од Vladimir Zorba

Вредноста на биткоинот на почетокот на 2021 година се искачи над 30 000 долари!

Откако преку ноќ достигна нови врвови, запишувајќи вредност од 29.700 американски долари, биткоинот не покажа знаци на слабост, тој го повтори нивото неколку пати пред последниот пробив над нивото од 30.000, пишува порталот SEEbiz

Областа нешто под 30.000 долари се покажа како извор на интензивен притисок во продажбата во изминатите неколку дена, но расположението се смени денес.

За само две недели, биткоинот најпрво го скрши нивото од 20 000, а потоа и 30 000 долари.

Минатата година заврши со првиот пробив на биткоинот на доденес „волшебната“ граница од 20.000 американски долари. Потоа, на католичкиот Божиќ, вредноста на биткоинот за прв пат достигна ниво од 25.000 долари, но нагорниот тренд не запре тука.

Со помалку осцилации, цената продолжи да се движи кон „зелено“, па износот што треба да се издвои за еден биткоин порасна за нешто помалку од илјада долари на ден.

Слични содржини