Нема македонско малцинство во Бугарија и за такво малцинство не може да се зборува, вели Петков

од Vladimir Zorba

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии, одговори бугарскиот премиер Кирил Петков, на прашањето на новинарката на бугарската телевизија БТВ за тоа дали бугарската влада разговарала со амбасадата на САД за признавање на македонско малцинство на територијата на Бугарија.

Нашата влада таа тема нема да ја постави за разговори или за што и да било, додаде бугарскиот премиер.

Слични содржини