Нема ниту еден предлог за уставен судија, вели Костадинов

од Берта Китинска

Нема ниту еден предлог за уставен судија, изјави денеска претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеникот од СДСМ, Коста Костадинов, кој посочи дека штом колегите го известат дека се создале услови за отворање на точката на седницата која пред неколку дена беше прекината, тој ќе свика нејзино продолжение.

– Добрата работа е што како парламентарно мнозинство и како човек кој ја води Комисијата не дозволивме пустата желба на ВМРО-ДПМНЕ да не почне седница на Комисијата да се оствари. Правно-формално тоа што е усвоен дневниот ред на Комисијата значи дека седница постои. Втората работа што треба да се знае е дека уште еден предлог којшто беше ставен на самата седница е усвоен со седум гласа „за“ преминување по работа на втората точка, без дневниот ред да биде изменет. Очекувам од колегите кои побараа скокнување на првата точка да ме известат штом се створат услови за работа по првата точка веднаш истата да се отвори. Јас сум убеден дека и покрај сите обиди за бојкот и блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ ние сме должни да обзбедиме функционални институции што ќе бидат во служба на граѓаните, но и на државата, рече Костадинов.

Слични содржини