Нема нови ковид мерки, треба да се почитуваат актуелните, вели Филипче

од Берта Китинска

Комисијата за заразни болести утрово утврдила дека нема потреба од воведување на нови рестриктивни мерки, односно дека и понатаму ќе важат постоечките, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој најави дека се можни дополнителни мерки за невакцинираните. Филипче вели дека се покажало дека рестрикциите на движењето на населението не даваат резултати, но дека ако се види дека некоја мерка ќе помогне тогаш ќе се преземе сè што е потребно.

-Овие мерки што ги имаме се сосема доволни, само што треба да се почитуваат во угостителските објекти, во сите места каде што има собири. Овие мерки се еднакви, како и во сите развиени земји. Го повторувам апелот за вакцинација, иако сме тука некаде во регионот, кажа Филипче.

Филипче апелираше до граѓаните да се вакцинираат, и да не се собираат на семејни слави и собири кои се актуелни овој период.Тој вели дека граѓаните мора повеќе да се совесна и да внимаваат на своето здравје, оти надлежните не може сè да контролираат.

Слични содржини