Нема одлука за враќање на карантините во некои градови

од Берта Китинска

„Секој треба да си биде на себе полицаец мерките се многу лесни“, изјaви денеска вицепремиерот Бујар Османи на предавањето на машини за кислородна поддршка на болницата „8-ми Септември“ донација од Кралството Норвешка.

„Само доколку секој си е свој полицаец и се грижи за своето здравје тоа е единствениот начин да се заштитиме. Носењето на маска, потоа личната хигиена и однесувањето како да сте позитивни и да имате контакт со некој кој е позитивен, е најдобар начин, денеска на Комисијата за заразни болести не стана збор за враќање на карантините во некои градови. Колективните мерки очигледно не даваат резултат. Овие бројки од денеска се од времето кога имаше полициски час“, изјави Османи.

Слични содржини