НЕма пад на тепмературите жежок викенд а од понеделник и преку 41

од Vladimir Zorba

Во Македонија денеска претпладне ќе биде претежно сончево и многу топло. Во попладневните часови во северозападните и западните предели наоблачување и услови за развој на нестабилна облачност која што ќе овозможни врнежи од дожд и грмотевици. Во југоисточните и источните предели во текот на целиот ден ќе биде сончево и многу топло.

sonce-more-camec
Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 29 односно до 39 степени. УВ индекс 9.

Денеска максималната дневна температура во Скопје ќе биде 37 степени, во Тетово 35, Гостивар 36, Маврово 27, Дебар и Крива Паланка 34, Куманово и Велес 37, Берово 31, Струмица и Дојран 37, Гевгелија и Демир Капија 38, Крушево 29, Охрид 33, Преспа 34, Битола 35, Прилеп 34…

Во Македонија во деновите од викендот во претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло. Попладне наоблачување со услови за врнежи од дожд.. Врнежите од дожд ќе изостанат во југоисточните и источните предели. Во недела се очекува благ пад на дневните температури кои ќе се движат од 28 до 38 степени.

Стабилизирање на атмосферата и малку повисоки температури се очекуваат во понеделник и вторник, кога ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури ќе се движат од 30 до 42 степена.

 

Слични содржини