Нема потреба од нови мерки, надлежните смируваат: „Состојбата со коронавирусот е стабилна“

од Берта Китинска

Стабилна е епидемиолошката состојба и нема потреба за нови рестриктивни мерки за заштита од новиот сој на Ковид 19 е заклучокот од вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Доколку се има предвид дека неделната инциденца за 5 проценти е помала во однос на претходната недела, а тоа се чувствува и по состојбата со слободни места во болниците нема потреба за нови мерки, ниту пак за релаксирање на постоечките.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во моментов нема потреба од дополнителни рестрикции во однос на новиот јужноафрикански сој на коронавирусот.

Според Филипче, во моментов нема потреба од затворање на границите или ставање во карантин патници што доаѓаат од ризични земји затоа што, како што вели, со тоа не би се постигнал никаков ефект.

„Досега видовме дека кога некој нов сој ќе се појави едноставно не може да се спречи и да се ограничи на одредена територија. Очигледно е дека соеви ќе се појавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки коишто сметаме дека се добро димензионирани“, рече Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.

Слични содржини