Нема повеќе билети за утрешниот историски натпревар против Исланд

од Nikola Popovski

Нема повеќе билети за утрешниот историски натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Исланд. Со триумф ќе останеме на второто место во групата и со тоа за првпат ќе настапиме во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

На Арената „Тодор Проески“ ќе има околу 17 000 гледачи, откако билетите за Јужната и за Северната трибина веќе се продадени, откако беа распродадени и последните билети за Источната и Западната трибина.

Слични содржини