Нема позитивни ракометари на Ковид-19, сега се зависи од одлуката на ИХФ!

од Nikola Popovski

На последното тестирање комплетната машка ракометна репрезентација на Македонија има негативни резултати и составот предводен од селекторот Данило Брестовац е подготвен да патува за Египет доколку следи повикот од ИХФ за пополнување на евентуално упразнето место доколку некоја од селекциите не може да настапи на Светското првенство.

Сега селекторот Данило Брестовац и неговите избрнаци уште некое време ќе останат во „карантин“, поточно до конечната одлука која треба да биде соопштена денеска или најдоцна утре.

Во моментов неколку селекции кои се дел од шампионатот имаат проблем со позитивни резултати на инфекција со коронавирусот. Селекцијата на САД има дури 18 позитивни играчи, Зеленортските острови имаат седум, а независна ситуација се и репрезентациите на Шведска и Чешка кои до последен момент го пролонгираат заминувањето за Египет.

Само да потсетиме нашиот национален тим во изминатиов период одигра две пријателски средби со Чиле во Скопје и двете ги доби со по четири голови разлика.

Слични содржини