Нема преживеани по несреќата на рускиот патнички авион кој се урна на Синајскиот Полуостров, информираа египетските власти откако екипи за пронаоѓање и спасување беа испратени на местото на несреќата, информира БиБиСи.

655-402-rodnini-na-pasazherite-ot-razbiliia-se-v-sinaj-ruski-samolet

Претходно извор соопшти дека спасувачите слушнале човечки гласови кои доаѓаат од внатрешноста на авионот.

Првично беа пронајдени 100 тела, вклучувајќи на 5 деца. “Во моментов гледам сцена на една трагедија. Многу мртви има на земјата, многу загинале додека седеле на седиштата .

Авионот се поделил на два дела

– Дел од крајот на опашката, која е изгорена и голем дел кој се растурил во карпа. Најдовме 100 тела надвор остатоците на авионот, останатите се уште внатре “, раскажа за Ројтерс член на спасувачкиот тим, кој побарал анонимност.

Пронајдена е и црната кутија на патничкиот авион, јави агенцијата Ројтерс.

Авионот на авиокомпанијата “Когалимавиа” со 224 патници – 7 лица екипаж и 217 патници, меѓу кои 17 деца, исчезна од радарите рано утринава 23 минути по полетувањето од египетското летувалиште Шарм еш Шеик.

Египетските власти информираа дека 214 од патниците биле Руси, а тројца – Украинци. На бордот имало 138 жени, 62 мажи и 17 деца на возраст од 2 до 17 години.

Египетскиот министер за граѓанско воздухопловство Мохамед Хосам Кемал, изјави дека е “Премногу рано да се утврди причината” за авионската несреќа.

Премиерот на Египет Шериф Исмаил е исто така отишол на местото на несреќата, заедно со министерот за туризам и министерот за здравство, и изразил сочувство на рускиот амбасадор.

Со декрет на претседателот Владимир Путин, 1 ноември, недела, беше прогласен за ден на жалост во Русија во спомен на загинатите во авионската несреќа во Египет. Националните знамиња ќе бидат спуштени на целата територија на земјата. Забавните манифестации ќе бидат откажани.

Слични содржини