Нема шега со Ким: Северна Кореја истрела балистичка ракета, седмо лансирање за 14 дена

од Берта Китинска

Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег рано наутро по локално време, соопшти војската на Јужна Кореја, без да даде детали.

Претставници на јужнокорејската армија објавија и дека на границата меѓу двете земји е забележана формација од 10 воени авиони, пренесе Ројтерс.

Се наведува дека авионите биле откриени како летаат на околу 25 километри северно од воената демаркациона линија во централниот регион на граничната област.

Последното лансирање е седмо во последните 14 дена и второ од минатиот вторник, кога Северна Кореја истрела ракета со среден дострел над Јапонија.

Слични содржини