Нема укинување на апанажата, „ЗА“ гласале само 16 пратеници

од Берта Китинска

Предлогот на Левица за укинување на апанажите од законот за изманување на Законот за плата на избрани и именувани лица не помина во Собранието.

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил објави дека само 16 пратеници гласале за укинување на апажата на јавни функционери.

Од партијата во своето барање објаснија дека министрите кои што повеќе не се дел од Владата, не треба да бидат во повластена положба во однос на другите работници во државата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии.

Од минатиот состав на владата апанажа побарале поранешните министри Никола Димитров, Мила Царовска и Радмила Шеќеринска-Јанковска.

Доколку Собранието им ја одобри, поранешните функционери ќе продолжат да земаат министерска плата во траење од 3 до 12 месеци, зависно од министерскиот стаж.

Пред извесно време Собранието им одобри апанажа во траење од 9 месеци на екс министрите Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани.

Зоран Заев, Венко Филипче и Ирена Стефоска се изјаснија дека нема да го користат ова право и дека по оставките во Владата, се враќаат на своите претходни работни места.

Слични содржини