Нема веќе да „моли“ за џепарлак: Синот на Леброн потпиша мултимилионски договор

од Vladimir Zorba

Брони Џејмс (17), најстариот син на една од најголемите ѕвезди на НБА лигата и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, потпиша договор со бренд на долна облека и според него ќе заработи неверојатни 5,1 милиони американски долари до крајот на средното училиште!

Не е лошо за средношколец …

Некои НБА ѕвезди, Џими Батлер, Тре Јанг, Џа Морант и Тајлер Хиро, имаат договори со истиот моден бренд, а Брони Џејмс, како и тие, ќе се приклучи на работата за дизајнирање на претстојните линии на долна облека.

Брони тргна по истиот пат што го следеше неговиот славен татко на почетокот на кариерата, откако по завршувањето на средното образование потпиша договор и со водечкиот светски добавувач на спортска опрема, а потоа доби вртоглави 90 милиони долари.

На Џејмс Џуниор му претстојат години на докажување на кошаркарските терени, а за финансиите не мора да се грижи до крајот на животот, тоа е единственото нешто што е сигурно во неговиот случај.

Синот на Леброн многумина го гледаат како идна НБА ѕвезда.

17-годишното момче моментално го посетува средното училиште „Sierra Canyon“, недалеку од Лос Анџелес, а за него се заинтересирани многу универзитети, како Дјук, Охајо стејт, УКЛА, Мичиген, Канзас, Тенеси и Тексас.

Неговиот славен татко сака само една работа до крајот на кариерата: да заигра со синот во тандем.

Слични содржини