Нема загинати или повредени во пожарот во Тетово, потврди Ангелов

од Nikola Popovski

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вечерва информира дека нема потреба од прогласување кризна состојба на територија на градот Тетово поради пожарот во старата фабрика.

-Опасноста е завршена. Тимот од Армијата утврди дека нема токсични материи во воздухот и извршија мерење со најсовремени апарати. Граѓаните да бидат спокојни, рече Ангелов после локализирањето на пожарот.

Според него, ситуацијата во објектот е под контрола и пресечен е целосно пожарот.

-Хеликоптерите ги искористивме за водна линија која помогна во спречување. Првични информации за причини немаме. Верувам дека тимови од МВР ќе ги откријат причините. Задоволни сме што немаме загинат или сериозно повреден пожарникар, додаде директорот на ЦУК.

Слични содржини