Нема зголемен ризик од формирање на тромб по вакцинација со „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska

Европската агенција за лекови (ЕМА) започна истрага во врска со наводите за можна поврзаност помеѓу вакцината „АстраЗенека“ и згрутчување на крвта кај оние кои ја примиле, но додаде дека не постои поголем ризик од формирање на тромб по вакцинацијата.

„Според достапните информации, бројот на тромбоемболиски настани кај вакцинираните лица не е поголем отколку кај целото население“, се вели во соопштението на ЕМА, пренесено од британски „Гардијан“.

ЕМА додаде дека и е јасно дека Данска прекинала со давање на вакцината и дека тоа се „мерки на претпазливост“.

„Придобивките од вакцината се поголеми од ризиците“, додаде ЕМА, пренесува Танјуг.

Слични содржини