„Немаат логика, создаваат паника“: Израел размислува да ги укине ковид-сертфикатите

од Nikola Popovski

„Израел треба да го укине својот зелен систем на ковид-сертификати“, рече во вторникот израелскиот министер за финансии Авигдор Либерман, бидејќи земјата регистрираше рекордни 65.259 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Тој го изјави ова неколку часа откако заедно со премиерот Бенет и министерот за здравство Ницан Хоровиц изјавија дека повеќе од 25 милиони антигенски тестови ќе бидат дистрибуирани до Израелците во наредните денови.

„Нема медицинска и епидемиолошка логика во зелениот сертификат, како што се согласуваат многу експерти“, напиша Либерман на Твитер.

„Она што има е директна штета на економијата, секојдневното функционирање и дополнително придонесува за создавање паника во јавноста. Работам со сите страни да го елиминираме зелениот сертификат и да ја зачуваме нормалната рутина за сите нас“, кажа министерот.

Според нацрт ковид-сертификатот, пристап до одредени активности и места можат да имаат само лица кои се вакцинирани, прелажале или имаат негативен тест, а во некои случаи е неопходен зелен сертификат за работното место.

Со ширењето на варијантата омикрон, нагло се зголеми бројот на инфекции и повторни инфекции. Здравствените експерти, вклучително и генералниот директор на Министерството за здравство, Нахман Еша, рекоа дека вакцинацијата и прележувањето сè уште нудат одреден степен на заштита, и затоа системот за зелени сертификати треба да се одржи.

Сепак, тие исто така признаа дека во одреден момент прашањето може да се преиспита. Доколку се укине зелениот сертификат, тоа би била една од најдраматичните промени во начинот на кој земјата управувала со пандемијата. Претходно истиот ден, Еш рече дека Израел сè уште не го видел пикот на бранот со сојот омикрон.

„Верувам дека пикот ќе дојде за една недела или повеќе. Сепак, гледаме и дека бројот на хоспитализирани сè уште расте, но зголемувањето се забавува“, рече Еш.

Слични содржини