„Немам зборови за фамилиите и чедата кои ги загубија, нема тука вера ние сме еден народ“

од Берта Китинска

Граѓаните денеска оддадоа  почит,на жртвите во автобуската несреќа која се случи во Бугарија на плоштадот Скендербег.

-Дојдовме овде да им изразиме сочувство на сите фамилии кои ги изгубија своите чеда  во тешката сообраќајна несреќа.Не знам што да кажам, немам зборови за нивните фамилии за чедата кои ги загубија, не познавав никого но дојдов да оддадам почит,  нема тука вера ние сме еден народ и треба заедно да живееме, вели Славица Велковска која присуствуваше на плоштадот Скендербег во Скопје каде има поставени венци.

 

Слични содржини