Немаме информации за прекин на летовите Скопје-Софија, велат од ТАВ Македонија

од Nikola Popovski

ТАВ Македонија нема информација за прекин на авиолинијата Софија-Скопје.

-Во моментов немаме никакви информации добиени од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање, се вели во одговорот што МИА го побара од „ТАВ Македонија” по информациите дека авиокомпанијата „Гуливер” ја прекинува продажбата на карти за оваа линија.

Според Владата, авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски.

-Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец, велат од „Илинденска бб“.

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ од 21 мај ја прекинува продажбата на билети за летот Софија-Скопје, објави вчера специјализираниот портал за авиони „ Ex Yu Aviation“.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека најверојатно причина за прекинот се преговорите што ги води авиокомпанијата со бугарската Влада во делот на субвенционирањето.

Слични содржини