„Немаш право да лажеш и да бидеш арогантен затоа што си славен“: Италијански министер во конфликт со Роналдо

од Vladimir Zorba

Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора му порача на Кристијано Роналдо дека треба да ја признае одговорноста и со тоа да даде добар пример.

За време на престојот во таборот на репрезентацијата на Португалија, Роналдо откри дека е заразен со коронавирусот, но наместо да оди во неговата матична земја, тој замина во Италија.

Така, според Спадафора, тој го прекршил протоколот за КОВИД-19 и ги ставил во опасност луѓето околу него.

Роналдо се бранеше во петокот дека тоа не е вистина, велејќи дека долетал во Италија со „воздушна амбуланта“ и дека никого не загрозил.

– Вештините на одредени играчи не им даваат право да бидат арогантни, да не ги почитуваат институциите и да лажат. Вистина е дека колку повеќе некој е познат, толку поголема одговорност треба да чувствува и да размислува пред да зборува за да даде добар пример – изјави Спадафора за „ANSA“.

Тој директно го нападна Роналдо, кој го објасни својот „случај“ и причините за доаѓањето во Италија преку социјалните мрежи.

– Немам намера да се занимавам со ова прашање засекогаш. Стојам зад она што го реков во четвртокот во врска со заминувањето на некои играчи на Јувентус од хотелот, а тоа се базира, меѓу другото, и на комуникациите на клубот со торинските здравствени власти – објасни Спадафора.

На крајот, тој посочи дека на сите што биле заразени со вирусот им посакува брзо закрепнување и изјави дека за прашањето за Роналдо, иако не го именуваше по име, нема веќе да разговара.

loading...

Слични содржини