Немири во Витлеем, уапсен Палестинец

од Milan1

Израелските безбедносни сили синоќа раниле и уапсиле Палестинец при рација во куќа во Витлеем, јавија палестинските медиуми.

Засега не се знае здравствената состојба на Палестинецот, кој и претходно бил приведуван, објави „Џерусалим пост”.

Според палестински медиуми, апсењето е извршено откако израелските безбедносни сили откриле голем број оперативци на палестински Исламски џихад (ПИЈ) во Витлеем во саботата навечер.

За време на апсењето дошло до конфликт меѓу Палестинци и израелските сили, а млади Палестинци фрлале камења кон возилата на израелските војници.

Слични содржини