Немири поради недостаток на вода, има мртви

од Stefanija Kuzmanovska

Во „немирите“ во западноиранската провинција Лорестан, поради немирите предизвикани од недостаток на вода, едно лице загина, а две се повредени.

„Синоќа имаше немири неколку часа на некои улици во Алигударза, во покраината Лорестан“, се наведува на официјалната веб-страница на „Ирибњуз“.

Се додава дека немирите се иницирани „под изговор на проблеми со водата во Кузестан“, на југозападот на Иран, пренесува новинската агенција АФП.

Најмалку три лица се убиени од минатата недела поради немирите предизвикани од недостиг на вода.

Протестите траат повеќе од една недела во богатата со нафта провинција Кузестан, каде живеат етнички Арапи, обвинувајќи ја иранската шиитска теократија за дискриминација.

Скоро пет милиони жители на Кузестан немаат пристап до вода за пиење, тврдат ирански активисти за човекови права.

Слични содржини