Немири поради убиството на Флојд и на Балканот: Инциденти пред американската амбасада во Атина (видео)

од Nikola Popovski

Демонстрантите и полицијата се судриле вечерва во близина на американската амбасада во Атина, јави грчката телевизија ЕРТ.

Протестен марш поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во САД бил организиран од левичарските вонпарламентарни партии Антарзија и Народно единство. На протестот присуствуваа неколку илјади луѓе од различни левичарски организации, како и Курди.

Во најголем дел, протестот билмирен, а немирите се случиле кон крајот. Група млади момчиња почнале да фрлаат камења и молотови коктели кон полициските единици пред американската амбасада.

Полицијата одговорила со топовски оган и солзавец, јавуваат грчките јавни служби. Младите запалиле неколку канти за отпадоци, па морало да интервенираат и пожарникарите.

Антикапиталистичкото движење „Антарзија“ марширало под слоганот „Долу за државниот расизам! Солидарност со американските демонстранти“.

За протестите во САД деновиве против расистичкото убиство на Џорџ Флојд, велат дека се „одлични и дека велат не на расизмот, државниот тероризам и стравот, да бидат насочени против политиката на Трамп и американскиот капитализам како целина“.

„САД се мешаат во сите делови на светот, фрлаат бомби, убиваат, мачат заради интересите на нејзините транснационални корпорации. Исто како што САД мачат и убиваат во Ирак и во Латинска Америка, тие ги мачат и убиваат и своите граѓани“, се вели во соопштението.

Движењето „Народно единство“, од друга страна, објавило дека убиството на Флојд го ​​комплетира списокот на бескрајни жртви на расизам, насилство и репресија од страна на американската полиција.

Слични содржини