Немири во Јужна Африка: Бројот на жртви расте по заминувањето на поранешниот претседател во затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на настрадани во Јужна Африка се искачи на 72 по протестите и насилствата од приврзаниците на поранешниот претседател Џејкоб Зума, кој беше осуден на 15 месеци затвор за одбивање на соработка во истрагата за корупција.

Десет лица загинаа и во стампедо по пукањето во понеделникот вечерта во трговски центар во Совето.

Би-Би-Си сними сцена во која мајка фрла бебе од запалена зграда во Дурбан.

Војската излезе на улица за да ѝ помогне на полицијата која од почетокот на минатата недела постојано беше на улица.

Полицијата соопшти дека досега идентификувала 12 лица за кои постои сомневање дека предизвикале немири и дека вкупно се уапсени 1.234 лица.

Претседателот Сирил Рамафоза ја опиша ситуацијата како најнасилна во Јужна Африка во изминатите 30 години – беа запалени пожари, блокирани автопатишта и ограбени продавници и магацини во градовите КваЗулу-Натал и провинцијата Гаутенг.

Министрите предупредија дека ако продолжат грабежите, постои ризик наскоро да останат без резерви на храна во одредени области, но одлучија да не воведат вонредна состојба.

Колкава е штетата?

Повеќе од 200 трговски центри беа ограбени во понеделникот попладне, рече Бусисве Мавусо, извршен директор на деловно лидерство во Јужна Африка.

Уништени се неколку трговски центри во Советот, населба во Јоханесбург во која живееше и поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, а беа ограбени банкомати, ресторани, продавници за алкохол и облека.

Во Квазулу-Натал, каде беше украдена и стока, апсењата продолжуваат, а сирените за брза помош постојано се слушаат, пренесува порталот TimesLive.

Зошто Зума е во затвор?

Тој беше осуден минатиот месец за непочитување на судот затоа што не присуствувал на истрагата за корупција за време на неговиот претседателски мандат.

79-годишниот претседател, кој ги негира обвиненијата за корупција, беше осуден на 15 месеци затвор.

Тој во средата ѝ се предаде на полицијата.

Тој се надева дека уставниот суд на земјата ќе ја укине или намали казната.

Сепак, правните експерти велат дека неговите шанси за тоа се мали.

Слични содржини