НЕМИРИ во Лондон – тепачка помеѓу навивачи и полиција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Прославата на навивачите на Англија, по победата над Украина и пласманот во полуфиналето на Европското првенство, се претвори во општ хаос и конфликт со полицијата во Лондон.

Илјадници навивачи излегоа на улиците на англиската престолнина по натпреварот што нивниот национален тим го доби со 4:0, но – прославата се претвори во масовни тепачки и бројни апсења на учесниците.

Инцидентот се случи на плоштадот Лестер, кога полицијата се обиде да стави под контрола голем број навивачи.

Полицијата направила кордони, за да може да го насочи протокот на толпата, но навивачите не сакаа да ги прифатат ограничувањата.

Во полициското соопштение се вели дека се уапсени девет лица.

Слични содржини