Немири во Лондон: Уапсен полицаец за убиство на млада жена (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Илјадници граѓани вечерва се судрија со полицијата во јужен Лондон каде се собрале во знак на протест против полициската бруталност откако било објавено дека полицаец од британската престолнина Вејн Казинс (48) е обвинет за киднапирање на Сара Еверард (33) од улица во Лондон додека се враќала дома, а потоа ја убил.

И покрај тоа што судот го отфрли барањето да се дозволи собирање, луѓето се собрале во лондонскиот кварт Клапам, недалеку од местото каде што последен пат била видена убиената жена, Сара Еверард (33).

Протестот на почетокот бил мирен. Демонстрантите, претежно жени, запалиле свеќи за да ѝ оддадат почит на брутално убиената сограѓанка на местото каде што последен пат била видена.

Меѓу оние кои положиле цвеќе на импровизираната спомен-плоча била и Кејт, војвотката од Кембриџ.

Сепак, полицијата, пишува британски Сан, започнала со апсење на собраните затоа што на тој начин ги прекршиле анти-епидемиските мерки.

Случајот со Сара Едвард, која исчезна на почетокот на март додека шетала низ еден од најнаселените и најдобро осветлени делови на јужен Лондон, го потресе британското општество. Потрагата по младата жена траеше со денови, улиците беа исполнети со постери со нејзиното лице, а на социјалните мрежи кружеа апели за помош за да се пронајде.

Минатата среда, по претресот на стотици полицајци, нејзините остатоци беа пронајдени во шума во Ешфорд, Кент. Полициски службеник е обвинет за нејзино киднапирање и убиство, а целиот случај предизвика национална дебата во јавноста за насилството врз жените.

Слични содржини