Немири во Трст: Се протестира поради ковид-сертификатите и вакцинацијата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Италијанската интервентна полиција употребила водени топови и испукала солзавец врз противниците на ковид-мерките, кои го блокирале пристаништето во Трст.

Четири дена откако започнаа демонстрациите во пристаништето, полицијата побара демонстрантите да ја напуштат областа „во име на законот“, пред да испукаат солзавец и да користат водени топови.

Собраните одговориле со скандирање „Слобода! Слобода!“ и „Луѓето како нас никогаш не се откажуваат!“

Демонстрантите најавија дека имаат намера да одржат уште еден протест во пристаништето Трст на 30 октомври, блокирајќи ја „цела Италија“ доколку владата продолжила да инсистира на ковид-сертификатите за работниците.

Се проценува дека околу 40% од работниците на пристаништето Трст не се вакцинирани, вели Стефано Пучер од Координацијата на пристанишните работници во Трст.

Регионалниот гувернер Масимилијано Федрига изрази загриженост дека протестот ќе ја наруши работата во пристаништето Трст, главниот бродски центар на Италија.

Италијанската влада донесе закон со кој се бара од сите работници да покажат ковид-сертификат, кој обезбедува доказ за нивниот статус на вакцинација, негативни резултати од тестови или неодамнешно опоравување од вирусот.

Италија е првата земја во Европа што воведе една од најстрогите ковид-мерки.

 

 

 

 

Слични содржини