„НЕМОЈ ДА ЗАСПИЕШ“: Трамп го посоветува Бајден пред средбата со Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му посака на неговиот наследник, сегашниот лидер на САД, Џозеф Бајден, да не заспие на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и да му ги пренесе неговите поздрави.

– Со среќа на Бајден во преговорите со претседателот Путин. Немој да заспиеш на состанокот и те замолувам да му ги пренесеш моите поздрави (на Путин)“, рече Трамп.

За време на изборната кампања, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави постојано го нарекуваше својот противкандидат „поспан Џо“.

Трамп истакна дека неговата средба со рускиот претседател во Хелсинки во 2018 година била „одлична и многу продуктивна“. Претходниот американски лидер изрази верување дека САД, и покрај тврдењата на медиумите, „на тој самит постигнаа многу, вклучително и почит кон претседателот Путин и Русија“.

Средбата меѓу Путин и Бајден ќе се одржи на 16 јуни во Женева. Кремљ објави дека претседателите имаат намера да разговараат за руско-американските односи, стратешката стабилност, како и борбата против Ковид 19 и решавањето на регионалните конфликти.

Слични содржини