Ненси Пелоси: На Бајден е да одлучи дали ќе се кандидира, часовникот отчукува

од Milan1
28 прегледи

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси денеска се воздржа од целосна поддршка на кандидатурата на американскиот претседател Џозеф Бајден, велејќи дека тој треба да одлучи дали ќе се кандидира, но предупреди дека часовникот отчукува.

„Останува на претседателот да одлучи дали ќе се кандидира. Сите го охрабруваме да ја донесе таа одлука бидејќи времето истекува“, рече Пелоси во интервју за „MSNBC“ на прашањето дали Бајден ја има нејзината поддршка на претстојните претседателски избори во САД.

Пелоси посочи дека не може да каже дали Бајден има огромна поддршка од демократите во Конгресот, особено што таа повеќе не е во лидерска улога.

Слични содржини